Ето не е задоволен од номинацијата за најдобро десно крило во историјата на фудбалот
- Поранешниот репрезентативец на Камерун, Самуел Ето, го критикуваше „Франс Фудбал“ дека е вклучен во списокот на кандидати за најдобри играчи во историјата на фудбалот како десно крило.
Париз, 20 октомври 2020 (МИА) – Поранешниот репрезентативец на Камерун, Самуел Ето, го критикуваше „Франс Фудбал“ дека е вклучен во списокот на кандидати за најдобри играчи во историјата на фудбалот како десно крило.
Триесет и деветгодишниот Камерунец ги потсети новинарите дека во поголемиот дел од својата кариера играше како центарфор.
- Благодарам, но поминав само 1-2 сезони десно, додека 25 години како центарфор. Недостиг на почит од Франс Фудбал, напиша Ето на Твитер.