Етиописка доминација на маратонот во Токио
- Тадесе Такеле и Сутуме Асефа Кебеде од Етиопија се победници на маратонот во Токио, еден од шесте најголеми маратони во светот.

Токио, 2 март 2025 (МИА) – Тадесе Такеле и Сутуме Асефа Кебеде од Етиопија се победници на маратонот во Токио, еден од шесте најголеми маратони во светот.
Во денешната машка трка, Такеле победи со време од 2:03:23 минути, додека на женскиот маратон Кебеде патеката долга 42 километри ја истрча за 2:16:31 минути.
Постигнувањето на Такеле е 24. најбрзо време во историјата на оваа дисциплина, во која светскиот рекорд е на покојниот Келвин Киптум со 2:00:35.
На женскиот маратон, Кебеде ја одбрани минатогодишната победа со време кое е 14. најбрз маратон за жени, а рекордот од минатиот октомври во Чикаго го држи Кенијката Рут Чепнгетич (2:09:56).
Во Токио настапи и поранешната светска рекордерка, Британката Пола Редклиф. На 51-годишна возраст, таа го заврши својот прв маратон по десет години со време од 2:57:26, а планира да се натпреварува и во Бостон идниот месец. ег
ФОТО: Фејсбук