• сабота, 27 јули 2024

Естонија поставува бариери од жица долж границата со Русија

Естонија поставува бариери од жица долж границата со Русија

Талин, 17 ноември 2021 (МИА) - Естонската влада денеска повика 1.700 резервисти на ненајавена воена вежба за време на која, меѓу другото, ќе се постават бариери од жица долж границата со Русија долга 40 километри.

Европската унија ја обвини Белорусија дека ги охрабрува бегалците од Блискиот Исток и Африка да дојдат, а потоа белоруските власти ги упатуваат кон земјите членки на ЕУ и НАТО - Полска, Литванија и Летонија за да се одмаздат за санкциите воведени кон Минск. Белорусија ги отфрла обвинувањата. паг/

Остани поврзан