• петок, 22 ноември 2024

„ЕСМ Топлификација“ - Битола почна подготвителни работи во урбаниот дел на градот

„ЕСМ Топлификација“ - Битола почна подготвителни работи во урбаниот дел на градот

Битола, 6 ноември 2023 (МИА) - „ЕСМ Топлификација“ - Битола денеска во населбата „Кланица“, непосредно до улицата „Македонски гемиџии“, почна со подготвителните работи за изградба на кракот од топловодната мрежа што се протега кон улицата „Партизанска“.

Од „ЕСМ Топлификација“ соопштија дека на локацијата каде поминуваат цевките од топловодот, отстранети се дрвја и нискостеблести грмушки, за што претходно е обезбедено одобрение од Општина Битола.

По завршување на градежните работи, „ЕСМ Топлификација“ ќе засади по три нови дрвја за секое едно отстрането, а во соработка со општината, ќе биде реализирана и акција за засадување на нови садници на локации одредени од општинските надлежни служби, информираа од „ЕСМ Топлификација“ - Битола. мт/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан