• сабота, 23 ноември 2024

Ескобар: Не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот, туку да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија

Ескобар: Не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот, туку да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија

Скопје, 13 мај 2023 (МИА) - Ние не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот. Бараме од опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија. Ова е најдобриот договор што го добивме. Тој е разумен, мислам засега, и треба да продолжиме напред што е можно побрзо. Затоа, се надевам дека сите страни на политичкиот спектар ги поддржуваат потребните промени за да можеме да продолжиме напред во унапредување на кандидатурата на Северна Македонија, вели заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Во интервју за Гласот на Америка, Ескобар нагласува дека земјата треба да продолжи напред што е можно побрзо.

Кредибилитетот на процесот на проширување, истакнува Ескобар, зависи од Северна Македонија.

-Она што би сакал да го слушнам од опозицијата е посветеноста на патот на евроатлантските интеграции. И тоа вклучува разгледување начини како Македонија да се доведе до следната Меѓувладина конференција. Би рекол дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од Северна Македонија. Имаме земја која направи сè што е потребно за да премине на следниот чекор и мислам дека го заслужува следниот чекор. И мислам дека сите, и во рамките на Европската унија, и во политичките структури на Северна Македонија, треба да направат сè што е можно за ова да успее, подвлекува Ескобар. 

Тој ја коментира и изградбата на автопатите.

-Имаме дијалог со Владата за конкретни наводи и конкретна поддршка што можеме да ја дадеме. Можам да ви кажам дека од Вашингтон, нашата најголема грижа е дека корупцијата е еден од најголемите предизвици за целиот регион, не само за Северна Македонија. Секретарот Блинкен и премиерот Ковачевски долго разговараа за тоа за време на нивниот состанок, за начините на кои можеме да работиме заедно за намалување на корупцијата во регионот. Имаме силен интерес да се погрижиме Северна Македонија и останатите земји од регионот да го направат својот дел за намалување на корупцијата и спроведување на владеењето на правото. Сè што можам да кажам е дека имаме добро партнерство со Северна Македонија. Тие прават реформи за корупција и ние мораме да продолжиме да ја продлабочуваме таа соработка, вели Ескобар во интервјуто за Гласот на Америка. мч/

 

Остани поврзан