• вторник, 24 декември 2024

„Ер трактори“ почнаа да го гаснат големиот пожар на планината Огражден, на границата со Бугарија

„Ер трактори“ почнаа да го гаснат големиот пожар на планината Огражден, на границата со Бугарија

Струмица, 15 јули 2024 (МИА) - Пожарот кој избувна пред шест денови на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, на границата со Бугарија, почнаа да го гаснат четири „Ер трактори“- два на Дирекцијата за заштита и спасување и два турски.

Вклучувањето на авионите во гаснењето на овој голем пожар, кој избувна на крајно непристапен терен, го најави утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој информираше дека на двата авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ) ќе им се приклучат и два турски кои пристигнаа на Скопскиот аеродром
во рамки на меѓународната помош.

Според информации од членови на Ловното друштво „Елен“ од Ново Село, кои се вклучени во гаснењето на пожарот, од бугарска страна е вклучена механизација која со копање „засеци“ не дозволува пожарот да се прошири и според нив со вклучувањето на авионите во гаснењето може да се очекува пожарот да биде локализиран.

Според првичните проценки од ТППЕ Струмица пожарот зафатил над 20 хектари нискостеблеста дабова и борова шума. рт/дма/


Фото:Ловно друштво „Елен

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан