• вторник, 26 ноември 2024

Ерупција на вулканот Синабунг во Индонезија

Ерупција на вулканот Синабунг во Индонезија
Џакарта, 10 август 2020 (МИА) - Вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра денеска исфрли поголема количина вулканска пепел 5.000 метри во височина. Никој не е повреден во ерупцијата, соопшти Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките ризици во земјата. Дебелиот слој од пепел опфати неколку села на радиус од околу 20 километри од вулканот. На околното население им било препорачано да останат на пет километри оддалеченост од кратерот и да бидат внимателни поради можно излевање на лава. Синабунг е еден од над 120-те активни вулкани во Индонезија. Беше неактивен четири века, сè до ерупцијата во 2010 година во којашто загинаа две лица. Ерупција потоа имаше и во 2014 година, кога животот го загубија 16-мина, и во 2016 година, кога имаше седум жртви. Околу 30.000 луѓе последниве неколку години мораа да ги напуштат своите домови околу планината.  си/ми/

Остани поврзан