• сабота, 28 декември 2024

Еруптираше вулканот Мерапи

Еруптираше вулканот Мерапи
Џакарта, 27 март 2021 (МИА) - Индонезискиот вулкан Мерапи денеска исфрли час, пепел и лава. Подножјето на планината Мерапи утрово е прекриено со камења. Чадот и пепелот од вулканот се издигнаа до 200 метри во атмосферата. Вулканот со висина од 2.968 метри се наоѓа во густо населениот остров Јава и во близина на градот Јогјакарта. Мерапи е еден од најактивните десетина индонезиски вулкани. За време на неговата последна голема ерупција во 2010 година, загинаа 347 лица, а беа евакуирани 20.000 луѓе. ми/

Остани поврзан