• сабота, 23 ноември 2024

Ерменскиот премиер му предложи на Азербејџан пакт за ненапаѓање

Ерменскиот премиер му предложи на Азербејџан пакт за ненапаѓање

Ереван, 29 јануари 2024 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашинјан синоќа изјави дека му предложил на Азербејџан да потпишат пакт за ненапаѓање, во очекување на сеопфатен мировен договор.

-На Азербејџан му го претставивме предлогот за изградба на механизам за меѓусебна контрола на оружјето и потпишување на пакт за ненапаѓање, доколку се одложи потпишувањето на мировниот договор, рече Пашинјан во говор на Денот на националната армија.

Азербејџан и Ерменија водеа две војни, во 1990-тите и 2020 година, за енклавата Нагорно-Карабах, која силите на Баку на крајот ја освоија. Оттогаш, речиси целото ерменско население од тој регион, повеќе од 100.000 луѓе, побегна во Ерменија.

Во декември, двете земји разменија затвореници, што се смета за дипломатски исчекор кон оживување на надежите за мир. Меѓутоа, во регионот се уште има високи тензии, а на границата редовно се случуваат вооружени инциденти.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан