• понеделник, 23 декември 2024

Ерменската полиција приведе над 140 активисти кои блокираа улици во центарот на Ереван

Ерменската полиција приведе над 140 активисти кои блокираа улици во центарот на Ереван

Ереван, 25 септември 2023 (МИА) - Специјалните сили на ерменската полиција - „црвени беретки“ рано утринава почнаа да приведуваат опозициски активисти кои блокираа улици во центарот на Ереван, јави Тасс.

Полицајците прво преку разглас ги предупредија демонстрантите дека е забрането блокирањето на раскрсницата на улиците Туманјан и Саријан, во центарот на главниот град на Ерменија, а потоа приведоа повеќе од 140 активисти.

-Во 10 часот( 8 по средноевропско време)  бројот на приведени граѓани достигна 142, соопшти портпаролот на полицијата. Првично беа пријавени 53 приведени.

Во моментов продолжуваат протестните акции на различни места во Ереван, јави Тасс.

Судот во Ереван одлучи да му одреди едномесечен притвор на Левон, синот на поранешниот ерменски претседател Роберт Кочарјан, кој е обвинет за насилство врз полицајци за време на масовните протести во главниот град, на својот профил на Фејсбук напиша неговиот адвокат Александар Кочубаев.

„Левон Кочарјан е притворен еден месец“, напиша адвокатот. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан