• понеделник, 23 декември 2024

Ерменија побарала воена помош од Русија поради тензиите со Азербејџан

Ерменија побарала воена помош од Русија поради тензиите со Азербејџан
Ереван, 14 мај 2021 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашинијан изјави денеска дека побарал воена помош од рускиот претседател Владимир Путин во момент на тензии со Азербејџан по вооружениот конфликт во регионот Нагорно Карабах. Тензиите меѓу двете соседни земји во Јужен Кавказ се зголемија оваа недела кога Ерменија протестираше против, како што наведе, упадот на азербејџанските трупи на нејзина територија. Азербејџан инсистира на тоа дека нивни војници биле распоредени на територијата што ја сметаат за своја во пограничната област. Пашинијан им порача на пратениците дека во телефонски разговор со рускиот претседател побарал од Путин да и обезбеди воена помош на Ерменија. Русија официјално не ја коментираше изјавата на Пашинијан. зш/

Остани поврзан