• недела, 22 декември 2024

Ерменија и Азербејџан ќе одржат мировни преговори во Вашингтон, соопшти ерменското МНР

Ерменија и Азербејџан ќе одржат мировни преговори во Вашингтон, соопшти ерменското МНР

Ереван, 29 април 2023 (МИА) - Ерменија и Азербејџан утре во Вашингтон ќе одржат нова рунда разговори во обид да ги нормализираат односите меѓу нив, соопшти денеска ерменското Министерство за надворешни работи.

„Од 30 април ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан ќе биде во работна посета на Вашингтон. Предвидена е следна рунда разговори за договорот за нормализација на односите меѓу Ерменија и Азербејџан“, напиша на официјалната страница на Фејсбук, портпаролката на ерменското МНР, Ани Бадалијан.

Тензиите меѓу двете земји повторно се зголемија околу спорниот регион Нагорно-Карабах, каде што руските мировни трупи беа распоредени во 2020 година за да се стави крај на втората војна што Ерменија и Азербејџан ја водеа околу енклавата од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Планинскиот регион е признаен од меѓународната заедница како дел од Азербејџан, но неговото население главно се етнички Ерменци.

Засега нема потврда за средбата од Азербејџан. зш/

Остани поврзан