Ердоган: На Арапско-исламскиот самит е предложено да се организира конференција за денуклеаризација во регионот на Блискиот Исток
- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја поздрави резолуцијата од Арапско-исламскиот самит усвоена вчера во Ријад, со која се предлага да се организира конференција за денуклеаризација во регионот на Блискиот Исток поради нуклеарното оружје на Израел.
Анкара, 12 ноември 2023 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја поздрави резолуцијата од Арапско-исламскиот самит усвоена вчера во Ријад, со која се предлага да се организира конференција за денуклеаризација во регионот на Блискиот Исток поради нуклеарното оружје на Израел.
Коментирајќи го Арапско-исламскиот самит, Ердоган рече: „За прв пат предлагаме „Конференција за денуклеаризација“ во регионот поради нуклеарното оружје на Израел.
„Прашањето за денуклеаризација е многу важно за да се види кои играчи го поддржуваат Израел. Сега е од голема важност што Организацијата за исламска соработка и Арапската лига се собраа и го презедоа овој чекор (резолуцијата), бидејќи е првпат во историјата на овие организации да се одржи таков состанок“, додаде Ердоган.
Тој рече дека во член од резолуцијата се бара прекин на опсадата на Појасот Газа и итен влез на арапски, исламски и меѓународни конвои со хуманитарна помош кои содржат храна, лекови и гориво.
Поради недостигот на гориво, вода и храна во Газа, Ердоган вели дека најважно е да се вклучат САД, кои имаат влијание врз Израел. рп/
Фото: МИА архива