• среда, 27 ноември 2024

Ердоган и Столтенберг разговараа за последните случувања во Русија

Ердоган и Столтенберг разговараа за последните случувања во Русија

Анкара, 25 јуни 2023 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска разговараа за најновите случувања во однос на членството на Русија и Шведска во НАТО, соопшти Директоратот за комуникации на Турција, јавува Анадолија.

Во разговорот беше истакнато дека прекинот на тензиите во Русија „спречи појава на неотповикливи хуманитарни трагедии на украинска територија“, се наведува во соопштението.

На Столтенберг му било кажано дека Турција се надева дека неодамнешните настани во Русија ќе бидат „нова пресвртница на патот кон праведен мир во Украина“.

Ердоган посочил дека Турција „ја задржува својата конструктивна позиција во однос на членството на Шведска, но дека измените на законот би биле бесмислени се додека поддржувачите на ПКК/ПЈД/ЈПГ се слободни да организираат демонстрации во оваа земја“.

Понатаму, било нагласено дека „неправдите со кои се соочи во контекст на Ф-35 и обидите да се поврзат барањата на Турција за Ф-16 со членството на Шведска ќе му наштетат на НАТО и неговата безбедност, а не на Турција“, пренесува Анадолија. ссм/

Остани поврзан