• вторник, 24 декември 2024

Ердоган: Договорот за извоз на житото преку Црно Море продолжен за уште 60 дена

Ердоган: Договорот за извоз на житото преку Црно Море продолжен за уште 60 дена

Анкара, 17 мај 2023 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека договорот за жито ќе биде продолжен за 60 дена.

Тој им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на генералниот секретар на Обединетите нации за постигнатиот договор.

-Продолжувањето на договорот дојде благодарение на конструктивноста на руската и украинската страна, рече Ердоган.

Договорот за извоз на жито се однесува на извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа, вклучувајќи ја и Одеса.

Во јули минатата година договорот го потпишаа претставници на Русија, Украина, Турција и ОН. сд/

Остани поврзан