• понеделник, 23 декември 2024

Ердоган: Добивме одговорност да владееме во следните пет години, единствениот победник е Турција (ДПЛ)

Ердоган: Добивме одговорност да владееме во следните пет години, единствениот победник е Турција (ДПЛ)

Истанбул, 28 мај 2023 (МИА) - Актуелниот претседател на Турција Реџеп Тајип Ердоган прогласи победа во вториот круг од претседателските избори.

- Добивме одговорност да владееме во следните пет години, истакна Ердоган пред своите приврзаници во Истанбул. - Многу го сакаме Истанбул. Ние сме вљубеници во Истанбул, почнавме со Истанбул, продолжуваме со Истанбул, рече Ердоган.

Ердоган рече дека вториот круг од изборите заврши со наклонетост на народот и дека народот го дал денот на демократијата.  - Драги мои пријатели и колеги, ве поздравувам со најдлабоки чувства, почит и љубов. Вториот круг од претседателските избори го завршивме со наклонетост на нашиот народ. Би сакал да изразам благодарност до мојот народ што ни подари еден ден на демократија меѓу два празника, истакна турскиот претседател.

Тој им се заблагодари на сите граѓани кои гласаа и ја покажаа својата волја за својата и иднината на нивните деца.

Тој потенцираше дека единствен победник е Турција и оцени дека оваа изборна победа отвора ново турско столетие.

- Го завршивме вториот круг од претседателските избори во корист на нашата нација. Единствен победник на овие избори е Турција, победија сите 85 милиони луѓе кај нас. Вашата волја стана турска сила, неуништлива сила, рече Ердоган во обраќањето пред поддржувачите во Истанбул.

ТРТ јави дека по преброени 97,9 отсто од гласовите Ердоган води со 52, 14 отсто, додека неговиот противкандидат од опозицијата Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан