• вторник, 24 декември 2024

Ердоган: Грција или ќе разговара или ќе се соочи со последиците

Ердоган: Грција или ќе разговара или ќе се соочи со последиците
Анкара, 5 септември 2020 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја предупреди Грција дека ќе мора да влезе во разговори за спорните делови на источен Медитеран или да се соочи со последиците. - Или ќе го разберат јазикот на политиката и дипломатијата или ќе се соочат со болни настани на теренот, рече Ердоган на церемонијата на отворање болница во Истанбул. Ердоган рече дека Грција ќе сфати дека „Турција има политичка, економска и воена моќ да кине неморални мапи и наметнати документи“, кои се однесуваат на областите во источниот Медитеран, што Грција и Кипар ги означија како нивни економски зони. Турскиот претседател истакна дека Турција е подготвена на секоја можност и резултат. Грција и Турција спорат околу морските граници по откривањето наоѓалиште за гас, а двете земји спроведоа неколку воени вежби во последните неколку недели. Анкара тврди дека Грција нема право да експлоатира гас. паг/

Остани поврзан