• понеделник, 23 декември 2024

Ердоган во февруари во посета на Ријад, првпат по убиството на Џамал Кашоги

Ердоган во февруари во посета на Ријад, првпат по убиството на Џамал Кашоги
Истанбул, 3 јануари 2022 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ќе ја посети Саудиска Арабија во февруари, а ова ќе биде негова прва посета на земјата по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година. - Ме очекува во февруари. Ми вети. Во февруари ќе ја посетам Саудиска Арабија, рече Ердоган, алудирајќи на саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман. Ова ќе биде прва посета на Ердоган по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој беше убиен од група од неколку лица испратени од Ријад во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018 година. Кашоги, остар критичар на саудиските власти, беше колумнист на Вашингтон пост. Ердоган тогаш ја обвини саудиската Влада дека го наредила убиството, додека односите меѓу Анкара и Ријад се влошија една година претходно, во 2017 година. Тогаш Саудиска Арабија им нареди на арапските земји да ги прекинат дипломатските односи со Катар, кој е близок сојузник на Турција. Сепак, Ердоган во последните месеци се обидува повторно да воспостави врски со регионалните сили, и во декември истакна дека сака да се развијат односите со сите земји од Заливот, пренесува Бета. јт/

Остани поврзан