• понеделник, 16 декември 2024

Ердан бара Гутереш да поднесе оставка

Ердан бара Гутереш да поднесе оставка

Њујорк, 24 октомври 2023 (МИА) – Постојаниот претставник на Израел во Обединети нации, Гилад Ердан денеска го повика генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш веднаш да поднесе оставка, нарекувајќи го неподобен да раководи со светската организација.

- Генералниот секретар на ОН, кој покажува разбирање за кампањата за масовно убивање на деца, жени и стари лица не е способен да раководи со ОН. Го повикувам веднаш да поднесе оставка, напиша Ердан на социјалната мрежа Икс.

Шефот на израелската дипломатија Ели Коен денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН го критикуваше Гутереш за неговите критики за нападите на Израел врз Појасот Газа, прашувајќи го „во каков свет живее“. ми/

фото: Твитер

Остани поврзан