ЕП ќе дебатира за воведување на електронски сертификат за вакцинација
- Европскиот парламент соопшти дека наскоро ќе започнат дебатира за воведување на електронски сертификат за вакцинирани и за лицата кои прележале Ковид-19

Стразбур, 25 март 2021 (МИА) - Европскиот парламент соопшти дека наскоро ќе започнат дебатира за воведување на електронски сертификат за вакцинирани и за лицата кои прележале Ковид-19.
Се предвидува на крајот на април ЕП да го поддржи отпочнувањето на преговорите со Советот на ЕУ за предлогот на Европската комисија за воиведување на електронски сертификат за вакцинација. Но, можно е предлогот да биде изменет, бидејќи откако текстот ќе биде договорен треба да биде одобрен од европратениците и од земјите-членки на ЕУ.
ЕП сака дебатата да заврши до летото. Големо мнозинство европратеници вчера го поддржаа брзото воведување на сертификат за вакцинација, се наведува во соопштението од ЕП. ми/