• понеделник, 23 декември 2024

ЕП до 20 години: Трет пораз на македонските кошаркари

ЕП до 20 години: Трет пораз на македонските кошаркари

 

Гдиња, 15 јули 2024 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години го претрпе и третиот пораз на Европското првенство во А-дивизијата, откако вечерва загуби од Белгија со 86-59 во рамки на завршното коло во групната фаза.

Со овој пораз избраниците на Боро Смилковски завршија последнопласирани во групата Ц пред стартот на нокаут фазат на Европското првенство кое се одржува во полскиот град Гдиња.

Македонските кошаркари повторно без инфериорен противник на паркетот и постигнаа само четири поени во првата четвртина, а на полувреме веќе имаа негатива од 18-36.

Бошалески и Симиќ постигнаа по 14. поени, додека Јовановиќ дуелот го заврши со поен помалку.

Македонија во осминафиналето, како четвртопласирана репрезентација во групата Ц, ќе игра против Словенија, која со максимален ефект од три победи заврши првопласирана во групата Д. ег ФОТО: КФСМ

 

Остани поврзан