• сабота, 23 ноември 2024

„Епл“ со рекордна испорака на смартфони во четвртиот квартал

„Епл“ со рекордна испорака на смартфони во четвртиот квартал
Лос Анџелес, 28 јануари 2021 (МИА) - Доставата и испораките на паметни телефони на „Епл“ скокнаа за 22 отсто, што е рекордно ниво во четвртото тримесечје од 2020 година. Ова, благодарение на тоа што компанијата стана најголем продавач на паметни телефони во светот, додека продажбата на „Хуавеј“ падна кога стапија во сила санкциите во САД. Проширената палета на модели и новиот изглед на „Ајфон 12“, како прв уред на „Епл“ со 5-Г технологија, ја зголемија побарувачката за надградби, особено во Кина. Според истражувачката компанија ИДЦ, „Епл“ продал 90,1 милион телефони во периодот октомври-декември. Со тоа компанијата има 23,4 насто удел во светскиот пазар. На второ место е „Самсунг електроникс“. Јужнокорејската компанија бележи раст на продажбата од 6,2 отсто во последното тримесечје во споредба со претходната 2019 година, со продадени 73,9 милиони паметни телефони, што значи удел на пазарот од 19,1 отсто. Кинеската компанија „Ксијаоми“ забележа раст на продажбата за 32 насто, па се најде на третото место. Четвртопласираниот „ОПО“, исто така - од Кина, има раст од 10,7 насто. Кинески „Хуавеј текнолоџис“ претрпе најголем удар, при што доставите паднаа за 42,4 отсто, на 32,3 милиони продадени примероци и место бр. 5. „Каунтерпоинт“ и „Каналис“ се на шестото и седмото место. си/сд/

Остани поврзан