• недела, 06 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Неофицијално, „Епл“ ќе објави два уреда со новиот „М5 процесор“ годинава

Неофицијално, „Епл“ ќе објави два уреда со новиот „М5 процесор“ годинава

Лос Анџелес, 2 април 2025 (МИА) - Американската технолошка компанија „Епл“ (Apple) би можела да претстави најмалку два уреди со својот претстоен „М5 процесор“ до крајот на оваа година, според „Блумберг“.

Новинарот на „Блумберг“, Марк Гурман, имено, тврди дека новиот „Ајпад про“ (iPad Pro) е во завршна фаза на тестирање, што значи дека производство може да почне во втората половина на оваа година. Што се однесува до ноивиот, претстоен лаптоп „Мекбук про“ (MacBook Pro) со „M5 процесорот“ - тој новитет се очекува наесен, што е во склад со претставувањето на новите лаптопи на „Епл“ изминатите неколку години.

Овогодишниот „Ајпад про“, сепак, веројатно нема да биде генерацијата што ќе го прифати модемот на „Епл“. Според познавачот Гурман, таа транзиција ќе се случи во 2027 година со појавата на процесор „М6“, на коишто компанијата, според наводите, веќе почнала да работи.

„Епл“ го претстави својот прв „Ц1“ модем кога го претставија „Ајфон 16-е“ (iPhone 16e), во февруари оваа година и досега, според познавачите, новитетот покажа прилично добри перформанси.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан