• вторник, 26 ноември 2024

Епископ Марко со честитки по повод Божик до верниците од Делчевско-каменичката епархија

Епископ Марко со честитки по повод Божик до верниците од Делчевско-каменичката епархија

Делчево, 7 јануари 2023 (МИА) - На празникот посветен на Раѓањето Христово - Божик, неговото преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко денес чиноначалствуваше во храмот посветен на „Успение на Пресвета Богородица'' во Делчево. 

Во присуство на огромен број на верници епископот одржа пригодна беседа во која помеѓу другото истакна дека Христос примајќи тело го покажа патот кон вечниот живот. Тоа според епископ Марко е голем дар кој не може да се спореди со ниту еден дар во овоземниот живот. 

-Оние кои не веруваат во Бог историјата ја делат на стара и нова ера. Почетокот на новата ера е раѓањето на Христос. Таа нова ера е нов почеток за секој од нас. За сите кои веруваме дека Бог е наш создател, Кој не создал за живот вечен. За многумина е несфатливо како Господ се понижи за созданието свое. Ако Бог не се понижи бадијала е Господ, бадијала е Создател, бидејќи никој од нас не може сам да се издигне до висините кои Господ ги определил, истакна Делчевско-каменичкиот епископ.

Родениот од Дева како што додаде секогаш нека не води низ животот. 

-Ѕвездата која засветли и ги водеше мудреците до Христа и нас нека не води по патот до Христа. Секогаш да гледаме со челото кон Бога како што ни прилега. Со челото да гледаме кон вечноста бидејќи за вечноста сме створени. Христос се роди, додаде на крај епископ Марко.

По завршувањето на литургијата за верниците кои практикуваа Божиќен пост се служеше света причесна. 

Честитки кон граѓаните по повод Христовото раѓање Божик упати и делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.

-Денес е ден за семејството, ден за љубов, ден за најблиските, ден за мир во душата. Каде и да си, за Бадник дома да си. А за Божиќ со најсаканите, рече Трајковски. вс/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан