Епископот Делчевско-каменички г.Марко го отслужи првиот акатист во Велигденските пости во Делчево
- Во Делчево денес се отслужи првиот акатист во Велигденските пости. Акатистот го отслужи епископот на Делчевско-каменичката епархија г.Марко во црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево.

Делчево, 7 март 2024 (МИА) - Во Делчево денес се отслужи првиот акатист во Велигденските пости. Акатистот го отслужи епископот на Делчевско-каменичката епархија г.Марко во црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево.
Од епархијата информираа дека во наредните пет недели редовно ќе се служи акатист во храмовите во Делчево и Македонска Каменица.
- Исто така на 7-ми март 2025 година, петокот во првата недела од Великата четириесетница, епископот Делчевско-каменички г. Марко, началствуваше на литургија на претходно осветени дарови во храмот Преподобобен Наум Охридски Чудотворец во Делчево. Литургијата на претходно осветени дарови е богослужба во црквата, која се извршува исклучиво во периодот на Великиот пост. Наречена е литургија на претходно осветени дарови бидејќи се служи со дарови кои веќе се осветени на претходната неделна литургија, додадоа од епархијата.
Со оваа литургија на претходно осветени дарови, како што посочија, им се дава можност на верниците да се причестуваат почесто во текот на целиот пост, а целта е еуховно да се поткрепат, а при тоа, да не се прекине духовното настроение на верниот народ, што е карактеристично во Велигденскиот пост. вс/са/
Фото: МИА