• среда, 25 декември 2024

Ентони: Леброн е како баба во италијански ресторан

Ентони: Леброн е како баба во италијански ресторан
Лос Анџелес, 15 септември 2021 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Кармело Ентони, го спореди соиграчот Леброн Џејмс со баба во италијански ресторан. -Тоа е како италијански ресторан. Доаѓаш во него, а таму баба, која веќе има 900 години, подготвува храна. Но, храната е неверојатна. Ова не значи дека баба е премногу стара за да готви. Ќе го вкусите она што таа го подготвила и ќе уживате. Имаме иста ситуација. Ние сме готвачи во кујната. Кога ќе ја вкусите нашата храна, ќе ви се допадне. Вака гледам на тоа, рече Кармело. Леброн Џејмс во декември ќе наполни 37 години, но и покрај возраста е еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата и воопшто во светот. зс/

Остани поврзан