Ентериерно уредување на земјоделско-шумарското училиште во Кавадарци
- Ентериерно уредување во училишниот хол денеска направија учениците од Земјоделско-шумарското училиште во Кавадарци.

Кавадарци, 19 октомври 2022 (МИА) - Ентериерно уредување во училишниот хол денеска направија учениците од Земјоделско-шумарското училиште во Кавадарци.
- Учениците од IV-1клас, од профилот „техничар за пејзажен дизјн“, направија вистинско ремек-дело во училишниот хол. Внатрешниот простор во училиштето, доби нов лик со експонатите на учениците изработени со сопствени раце, информираа вечерва од ова средно училиште..
Во рамки на практичната настава и предметот ,,Биодекорација", учениците ја покажаа својата креативност, уметнички дух и талент за хортикултурно уредување на просторот.
Нагласувајќи дека се работи за катче во кое се вградени многу труд, љубов и знаење, од училиштето упатија честитки до учениците и менторот професор Александра Петрова. свд/сх/

