Енрике го испрати Коло Муани во резервниот тим на ПСЖ
- Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го испрати напаѓачот Рандал Коло Муани да тренира со резервниот тим, објавува „Ле Паризиен“.

Париз, 24 јули 2025 (МИА) – Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го испрати напаѓачот Рандал Коло Муани да тренира со резервниот тим, објавува „Ле Паризиен“.
Дваесет и шестгодишниот Французин сè уште не е вклучен во плановите на Енрике за сезоната 2025/26.
ПСЖ ја разгледува можноста за продажба на играчот. Во исто време, Јувентус претходно неколку пати понуди да го продолжи неговиот позајмица.
Коло Муани е интересен и за Челзи, Тотенхем и Њукасл.
Од јануари 2025 година, Коло Муани играше за Јувентус како позајмен играч. На 22 натпревари постигна 10 гола и имаше 3 асистенции. Неговиот договор со ПСЖ е до 30 јуни 2028 година.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 30 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА