Енди Мареј подготвен да игра на УС Опен и Ролан Гарос
- Турнирот во САД ќе се одржи без навивачи помеѓу 31 август и 13 септември во Њујорк, додека во Отвореното првенство на Франција започнува на 27 септември, а финалето е на 11 октомври.
Њујорк, 22 јуни 2020 (МИА) - Поранешниот светски рекет број еден, Енди Мареј размислува да учествува на Отвореното првенство во САД и а Ролан Гарос подоцна оваа година, но само доколку се гарантира неговата безбедност.
Турнирот во САД ќе се одржи без навивачи помеѓу 31 август и 13 септември во Њујорк, додека во Отвореното првенство на Франција започнува на 27 септември, а финалето е на 11 октомври.
- За мене, Гренд слем турнирите се приоритет. Распоредот е малку чуден, но има причини за тоа. Јас лично не ми пречи да играм на двата турнира, се додека е безбедно. Можеби ќе може да се постигнеме тоа, штом ќе можам да донесам со мене уште еден човек. За момент мислам дека треба да биде физиотерапевт, затоа што тренерските инструкции можат да се дадат од далечина, изјави Шкотланѓанецот за британските медиуми.