• вторник, 24 декември 2024

Енди Мареј го одигра последниот натпревар во кариерата

Енди Мареј го одигра последниот натпревар во кариерата

Париз, 1 август 2024 (МИА) - Енди Мареј ја заврши кариерата. Последниот меч му беше вечерва во четвртфиналето во двојки на Олимпијадата во Париз, во кое заедно со Ден Еванс загубија од Тејлор Фриц и Томи Пол - 2:6, 4:6.

Триесет и седумгодишниот Британец е поранешен светски шампион, трикратен победник на Грен слем и двократен олимписки шампион. Тој е единствениот кој ја одбрани олимписката титула во сингл, а единствениот двократен победник во сингл.

Во текот на својата кариера, Мареј освои 46 титули на АТП, вклучувајќи и 14 „Мастерс“. Тој беше на врвот на АТП листата 41 недела.

Покрај тоа, Мареј е носител на трофејот од Девис купот во 2015 година во репрезентацијата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан