• среда, 27 ноември 2024

Емитување на концертот на отворено „Ну Погоди“ на Македонската филхармонија

Емитување на концертот на отворено „Ну Погоди“ на Македонската филхармонија
Скопје, 2 мај 2020 (МИА) - Минатогодишниот концерт на отворено „Ну Погоди“ на кој оркестарот на Македонската филхармонија ги свиреше познатите теми од култните цртани филмови вечерва во 23 часот ќе биде емитуван на Канал 5 телевизија, соопшти попладнево Град Скопје. Станува збор за теми од цртаните филмови од земјите од Источниот блок кои го одбележаа детството на генерациите од 70-те и 80-те години. Во аранжман на Владимир Николов и под дирегентската палка на Џијан Емин, на концертот беа свирени теми од цртаните Балтазар, Мечето Ушко, Козле Бозле, Ну Погоди и многу други. Концертот беше одржан на 23 јуни лани во Градскиот парк, во реализирација на МКЦ – Скопје и со поддршка на Град Скопје во рамки на серијалот „Филхармонија на отворено“. бак/бк/

Остани поврзан