• четврток, 25 јули 2024

Емери: Ни се оствари сонот да обезбедиме учество во Лигата на шампионите

Емери: Ни се оствари сонот да обезбедиме учество во Лигата на шампионите

Бирмингем, 15 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, ги сподели своите впечатоци од пласманот на тимот во Лигата на шампионите. 

„Лавовите“ ќе играат во главниот европски куп за прв пат по 41 година.

- Денес е посебен ден. Сонувавме за ова од почетокот на сезоната. Играњето во Лигата на шампионите е следното најдобро нешто во Премиер лигата. Во Лигата на шампионите се среќавате со екипи од други земји. И тоа е неверојатно. Секогаш сме одговорни за историјата на тимот и наша одговорност е да се обидеме да го подобриме нашето ниво, да бидеме упорни и да го следиме сонот. Се разбира, јас сум многу, многу среќен и горд на нашите навивачи, играчите и сите останати, изјави Емери за клупскиот сајт на Астон вила.

На едно коло пред крајот на англиското фудбалско првенство, Астон вила со 68 бодови се наоѓа на 4. место во поредокот, со пет бодови пред Тотенхем кој е на 5. место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан