• недела, 29 декември 2024

Емери најдобар тренер во Премиер лигата во изборот на „Гол“

Емери најдобар тренер во Премиер лигата во изборот на „Гол“

Лондон, 21 мај 2024 (МИА) – Предводникот на Астон вила, Унаи Емери е прогласен за најдобар тренер на сезоната во Премиер лигата.

Порталот „Goal“ направи рејтинг на најдобрите тренери на последното издание на англиското фудбалско првенство, оценувајќи ги со скала од еден до десет.

Емери доби оценка 9, зад него се Пеп Гвардиола од Манчестер сити и Микел Артета од Арсенал кои добија 8.

Јирген Клоп (Ливерпул), Анже Постекоглу (Тотенхем), Андони Ираола (Борнмаут) и Оливер Гласнер (Кристал Палас) добија 7.

На последното место и единствен со оцена 1 е тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан