Ембид станува петтиот НБА играч кој заработил повеќе од 500 милиони долари во кариерата
- Најдобриот кошаркар на Филаделфија, Џоел Ембид потпиша 3-годишно продолжување на договорот за сума од 193 милиони долари.

Филаделфија, 22 септември 2024 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Филаделфија, Џоел Ембид потпиша 3-годишно продолжување на договорот за сума од 193 милиони долари.
Центарот на Филаделфија им се придружува на Леброн Џејмс (Лејкерс), Стеф Кари (Голден Стејт), Пол Џорџ (Филаделфија) и Кевин Дурант (Феникс) како играчи кои ќе заработат повеќе од 500 милиони долари од договори во текот на кариерата.
Триесетгодишниот Ембид целата досегашна своја НБА-кариера ја помина во Филаделфија. Тој е член на 76-ките од 2014 година кога во тимот дојде како трет пик од првата рунда на драфтот. зс/
Фото: ЕПА