• понеделник, 23 декември 2024

Ембид: Сè уште не му верувам на моето лево колено, треба да го надминам овој психолошки проблем

Ембид: Сè уште не му верувам на моето лево колено, треба да го надминам овој психолошки проблем

Филаделфија, 13 ноември 2024 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Филаделфија, Џоел Ембиид проговори за својот проблем на стартот од сезоната.

Ѕвездата на 76-ките на своето деби сезонава, постигна 13 поени, три скока, пет асистенции и една блокада во поразот од Њујорк со 99:111. За 26 минута Ембид шутираше 2 од 11 од поле и 8 од 8 од линија за слободни фрлања.

- Сè е до самодовербата. Товарот на левото колено, туркањето... За ова зборував пред неколку, ова е психолошка пречка што треба да ја надминам. Но, сепак можам да бидам прилично добар и без него, и ќе стигнам таму во одреден момент. Не знам кога. Можеби на следниот натпревар, можеби по два натпревара, но обично се враќам прилично брзо, па затоа сум добар, изјави Ембид.

Џоел го пропушти почетокот на сезоната поради проблеми со коленото, а потоа отслужи суспензија од три натпревари поради инцидент со новинар.

Билансот на Филаделфија досега сезонава е 2-8 (победи-порази). зс/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан