• сабота, 23 ноември 2024

ЕМА одобри нови фабрики за вакцини против Ковид-19 во Холандија, Германија и во Швајцарија

ЕМА одобри нови фабрики за вакцини против Ковид-19 во Холандија, Германија и во Швајцарија
Амстердам, 26 март 2021 (МИА) - Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри нови фабрики за производство на вакцини против Ковид-19 во Холандија, во Германија и во Швајцарија, со цел да се унапредат вкупните производствени капацитети и да се забрза имунизацијата во Европа. Во Лејден, Холандија ќе се отвори нов погон за производтво на вакцината АстраЗенека, во Марбург, Германија ќе се произведува вакцината на Фајзер, додека во Виспа, Швајцарија - Модерна. Европска Унија ја обвинува компанијата АстраЗенека за успорување на имунизацијата поради доцнење на испораката на вакцини во договорениот рок. Додека Фајзер најави зголемување на доставите на вакцини во вториот квартл од годината. Неименуван претставник на ЕУ изјави дека брзото одобрување за отворање на нови фабрики на трите фармацевтски компании ќе придонесат за поголема испорака на вакцини до крајот на март. ми/

Остани поврзан