• сабота, 23 ноември 2024

Ел Салвадор: Најмалку 153 лица, уапсени под специјални овластувања, починале во затворите

Ел Салвадор: Најмалку 153 лица, уапсени под специјални овластувања, починале во затворите

Сан Салвадор, 30 мај 2023 (МИА) - Најмалку 153 лица, затворени откако Ел Салвадор воведе вонредни овластувања во март 2022 година за да се спротивстави на моќните улични банди во земјата, починале во државен притвор, се вели во извештајот објавен од групата за човекови права Кристосал.

Ниту еден од починатите не бил осуден за делото за кое бил обвинет во моментот на апсењето. Меѓу жртвите имало и четири жени. Смртните случаи се резултат на тортура и систематски и тешки повреди, се наведува во извештајот.

Речиси половина од жртвите доживеале насилна смрт. Меѓу некои смртни случаи, било откриено дека на луѓето намерно не им била пружена потребната медицинска помош, лекови и храна. Некои смртни случаи се предизвикани од неухранетост.

Смртните случаи ја откриваат криминалната политика што ја спроведуваат чуварите и затворските службеници.

Владата на Ел Салвадор не објави официјален број на смртни случаи меѓу затворениците. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан