Елмас со гол го предводеше Торино до гостинска победа
- Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го постигна вториот гол во дресот на Торино придонесувајќи попладнево во триумфот на неговиот клуб на гостувањето во Монца со 2-0 во рамки на 27 коло во италијанската Серија А.

Монца, 2 март 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го постигна вториот гол во дресот на Торино придонесувајќи попладнево во триумфот на неговиот клуб на гостувањето во Монца со 2-0 во рамки на 27 коло во италијанската Серија А.
Елмас му донесе водство на Торино во 41 минута, а победата на гостинскиот тим ја запечати Чезаре Касадеи во 66 минута.
За Елмас ова е втор гол во дресот на Торино, откако на крајот на јануари дојде во клубот како позајмен фудбалер од бундеслигашот Лајпциг.
Македонскиот репрезентативец мина на теренот 90 минути, пред да биде заменет во судиското продолжение од Карол Линети.
Торино со 34 бодови е на 11 место на табелата пред следниот натпревар на гостински терен против Парма. ег
ФОТО: ФФМ