Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
- Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, оди на позајмица во Торино.
Рим, 28 јануари 2025, (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, оди на позајмица во Торино.
Клубот на Елмас, Лајпциг се согласил Македонецот во продолжение на сезоната да биде дел од Торино, јавија италијанските медиуми.
Елмас имаше и понуда од Валенсија, но тој одбил да оди на „Местаља“ и да му биде соиграч на репрезентативниот македонски голман Столе Димитриевски.
Дваесет и петгодишниот Елмас пред да направи трансфер во Лајпциг, беше дел од шампионскиот тим на Наполи. зс/
Фото: ЕПА