• вторник, 24 декември 2024

Елмас: Ми беше чест изминатите пет години да ги делам со Ангеловски и Пандев

Елмас: Ми беше чест изминатите пет години да ги делам со Ангеловски и Пандев
Скопје, 27 јуни 2021 (МИА) - Фудбалерот за врска на македонската фудбалска репрезентација, Елиф Елмас, им се заблагодари на досегашниот селектор Игор Ангеловски и досегашниот капитен Горан Пандев за соработката што ја имаа во националниот тим изминатите пет години. - Чест ми беше да ги делам овие пет години со две вакви легенди на македонскиот фудбал и големо благодарам што ја направивте цела Македонија горда. # Евро2020 беше едно големо искуство, се надевам дека во иднина ќе има уште вакви успеси. Благодарам на поддршката од целиот македонски народ ❤️👏🏻👋🏻🇲🇰 # ГоранГрандеПандев # ИгорАнгеловски, напиша Елмас на Инстаграм. Ангеловски и Пандев на 21 јуни, на ЕВРО 2020 против Холандија го имаа последниот ангажман во македонската фудбалска репрезентација. зс/

Остани поврзан