• недела, 06 октомври 2024

Елмас го стигна Пандев со бројот на настапи за Наполи

Елмас го стигна Пандев со бројот на настапи за Наполи
Наполи, 10 мај 2022 (МИА) - Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, го стигна Горан Пандев со бројот на настапи во дресот на Наполи. Како што пренесуваат италијанските медиуми, со последниот настап против Торино, Елмас ја достигна бројката на 124 настапи, колку што имаше Пандев во својата кариера во дресот на тимот од Неапол. Елмас е дел од Наполи од 2019 година, додека, Пандев беше дел од овој тим од 2011 до 2014 година. Според бројот на настапи, двајцата го делат 108 место на вечната листа со најголем број на настапи во дресот на Наполи. ар/сп/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан