• сабота, 23 ноември 2024

Елизабет Харли не добила улога во „Сплетки“ зашто била премногу убава

Елизабет Харли не добила улога во „Сплетки“ зашто била премногу убава
Лондон, 12 март 2021 (МИА) - Елизабет Харли, според многумина - една од најубавите британски глумици, била одбиена за улога во светски познатата хумористична серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses). Причината било тоа што Харли била „премногу убава“. Оваа година навршуваат 40 години од првото прикажување на првата епизода  од „Сплетки“ (1981-2003). По тој повод, љубителите се потсетуваат и на некои тривијалности околу серијата. Писателот Грејм Меккан во сорабоотка со еден од авторите на приказната, Тони Дау, неодамна објави книга во која вели дека пред околу 22 години, улогата на Касандра, девојката и подоцна - сопруга на Родни Тротер, за малку ќе ја добиела тогаш 23-годишната Харли... „Елизабет Харли сета возбудена се појави на аудицијата, но на Тони Дау таа премногу му личеше на модел за да му одговара на некој како Родни... Ни беше чудно, затоа што тогаш изгледаше уште подобро отколку денес, но и јас едноставно не можам да ја замислам како негова девојка - тешко е таков фраер ќе излезе в град со оваа зачудувачки убава жена“, вели Меккан. На крајот, Гвинет Стронг ја доби улогата на Касандра. Серијата почнаа да се прикажува 1981 година, а популарноста најдобро ја илустрира податокот дека во еден миг, наводно, поради големиот број гледачи, имало пад на електричната мрежа во Велика Британија.  си/

Остани поврзан