Елизабет Харли и Били Реј Сарус се во врска
- Демијан Харли, синот на глумицата од нејзиниот претходен брак со американскиот бизнисмен Стив Бинг, ги упати своите убави желби.

Лондон, 22 април 2025 (МИА) - Британската глумица Елизабет Харли и американскиот кантри-музичар Били Реј Сајрус се во врска и тоа го потврдија на „Инстаграм“. Заедничката фотографија споделена на нивните профили - со наслов „Среќен Велигден“, не остава простор за сомнеж.
Демијан Харли, синот на глумицата од нејзиниот претходен брак со американскиот бизнисмен Стив Бинг, ги упати своите убави желби.
Сајрус поднесе барање за развод од австралиската кантри-пејачка Фајроуз во јуни 2024 година - само седум месеци откако се венчаа. Претходно, во 2022, Сајрус се разведе од Тиш Сајрус, со која беше во брак 29 години и со која ги имаат Ноа и Мајли Сајрус. си/паг/
Фото: Википедија