Елизабета Втора нема да присуствува на COP26
- ританската кралица Елизабета Втора (95) нема да присуствува на климатската конференција на ОН COP26 во Глазгов, откако лекарите ја советуваа да се одмори по престојот во болница, соопшти дене

Лондон, 26 октомври 2021 (МИА) - Британската кралица Елизабета Втора (95) нема да присуствува на климатската конференција на ОН COP26 во Глазгов, откако лекарите ја советуваа да се одмори по престојот во болница, соопшти денеска Бакингемската палата.
„Нејзиното височество со жалење одлучи да не патува повторно во Глазгов на приемот на 1 ноември“, се вели во соопштението на палатата, додавајќи дека таа „ќе им се обрати на собраните делегати преку снимена видео порака“. ссм/