• четврток, 29 август 2024

Еланга го постигна 500. гол за Манчестер јунајтед во ЛШ

Еланга го постигна 500. гол за Манчестер јунајтед во ЛШ
Мадрид, 24 февруари 2022 (МИА) - Манчестер јунајтед одигра нерешено 1:1 со Атлетико Мадрид синоќа на гостински терен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Стрелец на погодокот за англискиот тим беше Ентони Еланга во 80. минута. Манчестер јунајтед стана четвртиот тим кој стигнал до бројката од 500 гола во историјата на Лигата на шампионите. Само Реал Мадрид со 1001, Баерн Минхен со 760 и Барселона со 624 имаат повеќе голови во најсилното фудбалско клупско натпреварување во Европа. Реваншот ќе се игра во Англија на 15 март. зс/

Остани поврзан