• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЕК сериозно ја предупреди Шпанија: Постои висок ризик од корупција

ЕК сериозно ја предупреди Шпанија: Постои висок ризик од корупција

Брисел, 8 јули 2025 (МИА) - Европската комисија денеска ја предупреди Шпанија во врска со неодамнешните случаи на корупција и побара од владата да промовира национален план за забрзување на мерките против проблемот.

Во извештајот за демократијата на земјите-членки, Брисел, меѓу другото, повторно ги нотираше случајот „Колдо“ за корупцијата за време на пандемијата на Ковид-19, и обвинението против поранешниот министер за транспорт Хозе Луис Абалос.

ЕУ оцени дека Шпанија постигнала напредок во однос на превентивните мерки, но предупреди на „висок ризик од корупција“ во јавните набавки и финансирањето на партиите, пренесе РТВЕ.

„Финансирањето на политичките партии останува област со висок ризик и не се преземени никакви чекори за реформа на изборното законодавство во согласност со препораките на Судот на ревизори“, се наведува во годишниот извештај за владеењето на правото објавен од Европската комисија.

Брисел не посочи на никакви системски ризици за владеењето на правото, но предупреди дека во Шпанија остануваат значајни мерки што треба да се преземат во области како што се судството, борбата против корупцијата, транспарентноста и медиумите.

Комисијата ја повторува истрагата за наводниот случај на корупција „поврзан со пандемијата на коронавирусот, за кој поранешниот министер и заменик-министер беа гонети“.

Исто така, се забележува дека Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител пријавила четири случаи на корупција во Шпанија.

Меѓутоа, проценката на експертите на ЕУ идентификува други празнини во законската рамка за борба против корупцијата поврзани со „поткуп на странски државјани“.

Иако се преземени мерки за откривање на овие нелегални практики од различни извори, стапката на спроведување на законот „останува ниска“, со само два успешно решени случаи од 2016 година, додава РТВЕ.

Минатата недела, судија на Врховниот суд на Шпанија нареди поранешниот функционер на Социјалистичката партија, Сантос Сердан, да биде приведен откако беше обвинет за организирање поткуп во замена за договори за јавни работи. Сердан ги негираше обвинувањата, кои се дел од поширока истрага за корупција што се заканува да ја дестабилизира владата на Санчез.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан