• понеделник, 23 декември 2024

ЕК: Меѓународното право не предвидува ограничувања за видот и обемот на хуманитарната помош

ЕК: Меѓународното право не предвидува ограничувања за видот и обемот на хуманитарната помош

Брисел, 23 октомври 2023 (МИА) - Во последните денови видовме одредено подобрување во испораката на хуманитарна помош во Газа, изјави денеска портпаролот на Европската комисија на прес-конференција како одговор на новинарско прашање.

Најважно е почитувањето на меѓународното хуманитарно право, кое предвидува неограничен пристап до дадената помош, истакна тој. Според него, правилата не предвидуваат ограничувања за обемот и видот на хуманитарната помош, пренесува БТА.

- Неколку камиони беа пуштени да влезат во Газа, но пред војната гледавме по стотина камиони дневно. Денеска бројката е многу помала и не е доволно, рече портпаролот.

Тој најави дека досега се реализирани два хуманитарни летови за Египет со вкупно 54 тони помош од ЕУ. Помошта е подготвена да биде донесена во Газа, објасни портпаролот. ссм

фото: архива

Остани поврзан