• вторник, 24 декември 2024

ЕК воведе привремени повисоки царини за увоз на електрични возила од Кина

ЕК воведе привремени повисоки царини за увоз на електрични возила од Кина

Брисел, 4 јули 2024 (МИА) - Европската комисија денеска соопшти дека воведе привремено повисоки царини за увоз на електрични возила од Кина, истовремено нагласувајќи дека разговорите со Пекинг за решение на целата ситуација се уште се во тек.

Како што е наведено во соопштението, во иднина за автомобилите на компанијата BYD ќе се плаќа царина од 17,4 отсто, Geely ќе плаќа 19,9 отсто, а SAIC 37,6 отсто.

Другите кинески производители на автомобили ќе плаќаат тарифи од 20,8 отсто, додека компаниите што не соработувале во истрагата за субвенционирање на ЕУ се соочуваат со царини од 37,6 отсто. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан