Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати
- Бранителот на пехарот на Мастерс турнирот во Синсинати Италијанецот Јаник Синер избори пласман во третото коло
Синсинати, 10.август 2025 (МИА) - Бранителот на пехарот на Мастерс турнирот во Синсинати Италијанецот Јаник Синер избори пласман во третото коло. Тој на теренот мина 59 минути совладувајќи го Колумбиецот Даниел Галан со 2:0 во сетови (6:1 и 6:1).
Ова беше првиот меч за Синер по освојувањето на титулата на Вимблдон пред еден месец.
И на женскиот дел од турнирот имаше две експресни победи.
Шампионката на Вимблдон полската тенисерка Ига Швјонтек ја совлада Анастасија Потапова од Русија со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4) за 73 минути, додека Марта Костјук од Украина на Германката Татјана Марија и препушти само еден гем за 51 минута - 2:0 во сетови (6:0 и 6:1). мн/
Фото: ЕПА