• понеделник, 16 декември 2024

Експресна реакција на Трамп: Бајден ја уништува нацијата и дополнително ја дели Америка

Експресна реакција на Трамп: Бајден ја уништува нацијата и дополнително ја дели Америка
Вашингтон, 6 јануари 2022 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп експресно реагираше на говорот на актуелниот претседател Џо Бајден, по повод првата годишнина од насилниот упад на разулавената толпа во Капитол Хил, при што го обвини за „уништување на нацијата“. -Актуелниот претседател го искористи моето име денеска за да се обиде дополнително да ја подели Америка, рече Трамп. Тој ги повтори наводите за изборни измами. -Медиумските соучесници тоа го нарекуваат голема лага, а големата лага всушност беа самите избори, повтори поранешниот претседател. „Демократите сакаат да го имаат овој ден, 6 јануари, за да можат да ги подгреат стравовите и да ја поделат Америка“, додаде Трамп. сд/

Остани поврзан